20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla ја смета Германија за најсоодветно место за својата европска Gigafactory

Tesla ја смета Германија за најсоодветно место за својата европска Gigafactory

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ ја преферира Германија за локација за својата европска „гигафабрика“ (Gigafactory), најави главниот извршен директор на компанијата Илон Маск. Ова ќе биде последниот потег на надворешна компанија на европскиот пазар на батерии, објави „Ројтерс“.

Експерти од индустријата очекуваат револуцијата на „зелените“ автомобили да се промовира пазарот на батерии во Европа, кој ќе достигне 250 милијарди евра (290 милијарди долари) до 2025-та година.

Азиски компании, меѓу кои „CATL“ и „Samsung“, веќе имаат потпишано договори со локалните играчи или создале свои операции во Европа, што ги поттикнаа европските политичари и бизнис лидери да повикаат за повеќе домашни инвестиции.

„Германија е водечки избор за Европа“, коментира Маск во одговор на коментар на „Twitter“, истакнувајќи дека според него најверојатно најповолно место ќе е границата на Германија и Франција.

„Tesla“ веќе има операции во Пром, Германија, кој се наоѓа само на 30 километри од Белгија и на околу 100 километри од француската граница.

Како знак за заживување на азиските позиции на пазарот, „Volkswagen“ – најголемиот европски производител на автомобили, неодамна ги избра „LG Chem“, „Samsung“ и кинеската „Contemporary Amperex Technology Co Ltd“ (CATL) за испорака на батерии за 25 милијарди долари.

„CATL“ исто така размислува да инвестира во Германија, напиша „Ројтерс“ претходно.

Пред извесно време „Tesla“ објави дека планира да создаде уште три големи фабрики по нејзината прва, која се наоѓа во Невада, САД. Сепак, таа е заедничка сопственост со „Panasonic“, која станува ексклузив снабдувач на батерии за моделот на „Tesla 3“.

Не е јасно дали „Tesla“ ќе ја направи својата европска фабрика со „Panasonic“. „Ројтерс“ не добил одговор од германскиот тим на „Tesla“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП