20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche го купува остатокот од Foundation Medicine за 2,4 милијарди долари

Roche го купува остатокот од Foundation Medicine за 2,4 милијарди долари

Швајцарскиот производител на лекови „Roche Holding“ договорил купувањето на остатокот од „Foundation Medicine“ (FMI) по цена од 137 долари за акција, или вкупно 2,4 милијарди долари. Така, групата за тестирање на геномот во САД се проценува на вкупно 5,3 милијарди долари, рекоа партнерите во вторникот.

Договорот, поддржан од одборите на двете компании, ќе биде завршен во втората половина од годината, велат во соопштението цитирано од „Ројтерс“.

Цената на понудата е во висина од 29% над цената на затворањето на „Foundation Medicine“ во понеделникот – 106,45 долари.

Со седиште во Кембриџ, Масачусетс, „FMI“ е компанија за молекуларни информации специјализирана за борба против ракот. Нуди сеопфатен геномски тест кој ги идентификува молекуларните промени кај ракот на пациентот и ги поврзува со целни терапии, имунотерапии и клинички испитувања.

„Тоа е важно за нашата персонализирана стратегија за медицинска грижа, бидејќи веруваме дека молекуларните податоци и широката достапност на квалитетни сеопфатни геном тестови се клучни фактори за развојот на и пристапот до нови третмани за рак“, вели раководителот на фармацевтскиот оддел на „Roche“, Даниел О`Деи.

„Ние ќе ја зачуваме автономијата на „FMI“ кога ќе ги поддржиме да го забрзаме нивниот напредок“, додава тој.

„Roche“ плати 1,03 милијарди долари во јануари 2015-та година за 56,3 отсто од акциите во компанијата и вети дека ќе инвестира повеќе од 150 милиони долари за да го забрза развојот на производите.

„FMI“ развива геномски тест за солидни тумори и еден за леукемија (рак на крв). Дијагностичките тестови бараат примерок од ткиво од рак да се анализира за генетски мутации што може да предизвикаат раст на туморот. Оваа информација им помага на лекарите да го изберат најдобриот лек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП