25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот LG пристигнува со огромна батерија од 4.500mAh

Новиот LG пристигнува со огромна батерија од 4.500mAh

Компанијата „LG“ го претстави својот нов смартфон „LG X5“ (2018).

Уредот го користи чипсетот „Mediatek MT6750“ со осумјадрен процесор со такт од 1.5GHz. Тој има 5.5-инчен „HD“ дисплеј. Смартфонот има 2GB RAM и простор за складирање податоци од 32GB.

На задната страна се наоѓа камера од 13MP, додека на предната страна е вградена камера од 5MP. Димензиите на телефонот се 154,7 x 78,1 x 8,9 милиметри, а неговата тежина изнесува 171 грама.

Уредот го користи оперативниот систем „Android 8.0 Oreo“, а во него е вградена огромна батерија од 4.500mAh.

Tелефонот има и сензор за отпечаток на прстот на задната страна, како и поддршка за услугата за електронски паричник „LG Pay“. Овој паметен телефон пристигнува во „Morokan Blue“ верзијата на боја.

Јужна Кореја е привиот пазар на кој ќе пристигне „LG X5“ (2018) stiže, a таму ќе се продава по цена од околу 330 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП