ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за...

Македонска берза го објави Прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за првото тримесечие

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-31.03.2018 година.

Од вкупно 101 компанија, 67 завршиле со добивка, а 34 компании завршиле со загуба за првиот квартал од 2018 година.

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 1.051.037.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува НЛБ Банка АД Скопје со нешто помала добивка од 967.415.000 денари и на третото место е Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 966.608.000 денари.

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП