17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнуваат уписите во средните училишта, слободни места има за 24.915 ученици

Почнуваат уписите во средните училишта, слободни места има за 24.915 ученици

Денеска почнуваат уписите во сите средни училишта во земјава, а слободни места има за 24.915 ученици.

Полуматурантите ќе може да остават документи и утре, а резултатите ќе бидат објавени на 20 јуни. Во јунскиот рок ќе има и второ пријавување и запишување на ученици на 28 јуни, а резултатите и слободните места ќе се објават наредниот ден.

За учениците што се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во август. Бројот на поени потребни за запишување во средно училиште останува ист како и досега. Во Конкурсот објавен од Министерството за образование и наука се наведени потребните документи за упис и поените што се потребни за запишување во секое училиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП