19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го возеше EQA низ Сицилија (видео)

Mercedes го возеше EQA низ Сицилија (видео)

За неколку години „Mercedes“ ќе започне со испорака на својот прв целосно електричен автомобил од „C“ сегментот

Најавен како „Concept EQA“ во текот на минатата година, проектот и натаму се развива, но германскиот гигант веќе започна полека да го промовира.

За едно од првите возења е избран рустикалниот рурален пејсаж на италијанскиот остров Сицилија.

Без разлика дали сте љубители на „EV“ автомобилите или не, самиот надворешен изглед на коцептот на „Mercedes“ би требало да биде доволна „мамка“ за купувачите.

„Mercedes“ се уште не ги соопшти деталите за погонот на сериската верзија, додека концептот има батерија од 60 kWh со 270 KS со постојан погон на сите четири тркала, како и домет од околу 400 km.

Германската компанија „EQA“ ќе го произведува во Хамбле, па тоа ќе биде првиот „Mercedes“ кој ќе се составува во Франција од основањето на компанијата од Штутгарт.

„EQA“ ќе биде вториот модел на „Mercedes“ под ознаката „EQ“, по електричниот кросовер „EQC“. До 2020-та „Mercedes“ планира да лансира повеќе од осум дополнителни модели во ова семејство, вклучувајќи и „Smart“ и поголеми „SUV“ модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП