21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Најголемите спортски настани на сите времиња

График на денот: Најголемите спортски настани на сите времиња

Светското првенство на ФИФА, кое започна во Москва, е една од најголемите спортски настани во светот. На секои четири години фудбалски навивачи од целиот свет се радуваат на мислата за цел месец со акција, завршувајќи со финалето на Мундијалот – веројатно најголемиот спортски настан на Земјата.

Додека „Super Bowl“ – најголемата спортска игра од американска гледна точка, се гледа од повеќе од сто милиони луѓе во САД плус можеби уште 100 милиони низ целиот свет, финалето на Светското првенство во фудбал во 2014-та година меѓу Аргентина и Германија имаше просечна телевизиска публика од повеќе од 560 милиони луѓе, објави „Statista“.

И така – јасно е дека Светското првенство во фудбал е огромен спортски настан, но дали навистина е најголемиот таков од сите од гледна точка на опсегот на телевизијата? Одговорот е – не сосема.

Според Меѓународниот олимписки комитет Олимпијадата во Лондон во 2012-та година и Олимпијадата во 2008-ма година во Пекинг беа гледани односно од 3,6 и 3,5 милијарди лица, така што ја надминуваат публиката на последните две Светски првенства во фудбал, кои привлекле 3,2 милијарди гледачи низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП