16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпојувањето на Qualcomm и NXP доби одобрение и од последниот регулатор

Спојувањето на Qualcomm и NXP доби одобрение и од последниот регулатор

Кинеските регулатори го одобрија спојувањето на американскиот производител на чипови „Qualcomm“ со „NXP Semiconductors“ во вредност 44 милијарди долари, пишува „South China Morning Post“, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

Одлуката на Министерството за трговија на Кина става крај на долготрајната блокирање на трансакцијата, предизвикано од трговските тензии меѓу САД и Пекинг и ќе им овозможи компаниите купувањето да се случи, пишува „CNBC“, повикувајќи се на кинеските медиуми.

Со „зеленото светло“ од азиската земја, договорот беше официјално одобрен од сите девет светски регулатори кои мораат да ги објават своите изјави.

„Qualcomm“ упати прва понуда за „NXP Semiconductors“ уште во октомври 2016-та година. Од „Qualcomm“ не коментираа веднаш за информациите. „NXP“, исто така, не одговори веднаш на барањето за коментар.

Аналитичарот на „Bernstein“, Стејси Расгон изјави дека одобрението е последната голема бариера пред затворањето на трансакцијата, што порано се соочи со отпор од страна на акционерите на „NXP“, додека „Qualcomm“ не го зголеми својот предлог.

Според зборовите на Расгон производителот на чипови со седиште во Сан Диего сака да го користи спојувањето, за да го диверзифицира својот бизнис, кој во моментов е силно фокусиран на мобилните телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП