19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАOmni засекогаш ќе го промени светот на игрите

Omni засекогаш ќе го промени светот на игрите

omni

Компанијата „Virtuix“ го разви „Omni“, необичен уред кој на приципот на подвижна лента ги симулира движењата на играчот. Така играјќи ја видео играта можете и со движење да го симулирате тоа што вашиот аватар го прави и тоа во реално време.

Со „Omni“ можете дури и да загубите некој килограм, затоа што поседува софтвер кој следи колку сте се движеле и колку калории сте потрошиле додека сте играле.

„Играњето игри на тастатура, глувче или џоистик додека седиме, неможеме да го споредиме со скокањето или трчањето кое го овозможува „Omni“, велат од компанијата.

Дека не е станува збор за обичен маркетиншки трик, докажуваат и реакциите на бројните реномирани „IT“ портали.

omni1

Сепак развојот на игри е премногу скап, па „Virtuix“ сега собира средства преку „Kickstarter“, што значи дека купувачите ќе можат да дојдат до уредот по многу пониска цена.

За само неколку часа преку таа интернет страна компанијата  собра дури 140.000 долари, а бројот за донации на овој проект расте од минута во минута.

„ „Omni“ е резултат на двегодишни истражувања, експериментирања и дизајн“, вели основачот на „Virtuix“, Јан Гетлук.

Првите примероци чинат 400 долари, но тие веќе се распродадени. Затоа компанијата понуди и евтина „направи сам“ верзија која корисниците можат да ја дизајнираат сами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП