24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПСА продолжува да доминира со малите мотори

ПСА продолжува да доминира со малите мотори

Бензинскиот мотор со три цилиндри Turbo Pure Tech 110 S&S и 130 S&S во категорија 1 до 1,4 литар e избран за мотор на годината четврти пат.

Новата генерација на моторот PureTech е со подобрени перформанси и зголемена ефикасност, а намалена потрошувачка. Овие мотори гарантираат намалување на потрошувачка во просек 4 отсто во споредба со претходната генерација на мотори и намалување од 75 отсто на емисијата на честички благодарение на FAP-филтерот и почитувањето на стандардите RDE, предвидени да стапат во сила од 2020 година. Исто така, моторите се адаптираат на новата платформа CMP за урбани возила, лимузини и компактни СУВ-модели.

Овие бензински мотори од новата генерација првпат се вградени во 2017 година и оттогаш масовно се применуваат кај возилата од групацијата ПСА во повеќе од 70 држави. Моторите ги почитуваат европските регулативи Евро 6.

Директорот на секторот за моторен погон и шасии во Групацијата ПСА, Алан Рапозо, изјави: „Се гордееме на оваа престижна награда четврта година по ред, која е доказ за компетентноста и стручноста на нашите екипи за дизајнирање. Денес, овој мотор е дел од многу возила што бележат огромен успех кај нашите клиенти. Конкурентноста и ефикасноста на нашата гама бензински мотори, особено трицилиндарскиот мотор PureTech, е светски позната и призната“.

Во моментот трицилиндарскиот бензински мотор PureTech се произведува во француските фабрики во Па де Кале и во Мозел, како и во кинеската „Ксијанд Јанг“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП