11 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM и Honda заедно ќе развиваат нови батерии за електрични возила

GM и Honda заедно ќе развиваат нови батерии за електрични возила

Автомобилските гиганти – „General Motors“ и „Honda“, постигнаа договор за заедничка работа на електрични автомобили. Производителите заеднички ќе развиваат батерии за „зелените“ машини.

Двете компании ја објавија новата соработка. Според предвиденото во неа, инженерите на двата гиганти ќе се занимаваат со проектирање и производство на батерии од новата генерација. Компаниите не открија детали за проектот, но е јасно дека договорот меѓу нив предвидува долгогодишна соработка.

Автомобилските експерти укажуваат дека со новите батерии ќе бидат опремени модели на „Honda“, „Chevrolet“, „Cadillac“, „Buick“, „GMC“, „Baojun“, „Holden“, „Jiefang“ и „Wuling“.

Се уште не е познато, меѓутоа, кога производите, произведени во рамките на новиот проект на јапонската компанија и на „GM“, ќе се појават на пазарот. Според некои експерти, тоа ќе се случи не порано од 2020-та година. Не е познато и како новите батерии ќе влијаат врз цените на електричните автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП