19 март, 2024
ПочетнаКОЛУМНИМисла на неделата –УА свиркачи

Мисла на неделата –УА свиркачи

Не, не е овонеделниов напис за политика или никакви закони или слично. Туку е против прекумерната употреба на автомобилските свирки (сирени) во секојдневниот сообраќај и против сообраќајниот метеж

Да започнам со еден виц.

– Татo, зошто овие автомобили толку свират денес?
– Свадба, сине, свадба…
– Ама нели сирените на автомобилите се за да предупредуваат за опасност?
– Е да, де!

Колку да ви е смешен или не вицот, употребата на свирката е за да предупредуваат на опасност, а не да изразува протест и стрес. Работното место ми е во центарот на Скопје, и во сезонава на градежни зафати, Градот ги поправа улиците или врши некакви зафати на водоводна, канализациона, топлификациона и другите мрежи и нормално е дека сообраќајот ќе е отежнат. Ај што е цел ден гужва, но тоа со свирките едноставно не може да се работи. Но луѓе, зарем мислите дека ако свирите со свирките побрзо ќе поминете. Не само што нема да поминете, туку си стварате нервоза на себе , на сите околу вас и сметате на недолжни луѓе во вршењето на секојдневните обврски.

Да ви кажам една математичка равенка за намалување на стресот во сообраќајот:

50 км/час + сообраќаен метеж + семафори – 5 до 10 минути порано тргнување кон целта = помалце стрес

Обидете се, можеби и сум во право. Оваа формула е особено успешна наутро. А помага и употребата на јавен превоз.

Кога сме кај сообраќајниот метеж сакам да ги замолам одговорните лица во државата да размислат и наместо да органзираат конвои за превоз на видни личности (политичари и државници) да си купат неколку хиликоптерчиња и да ги превезуваат гостите, претседателот на државата и другите со нив. Ем побрзо, ем посигурно, нели.

Пошто влегуваме во еден период каде очекувам да има протести (околу името на државата, неостварени предизборни ветувања и слично) ги замолувам сите политички партии, синдикати и здруженија да не ги блокираат улиците. Нека се одреди некое место во секој град каде што ќе може да се протестира, митингува, да се искажуваат ставови и што ти уште не. Но нека тоа протестирање и слично не ги малтретира другите. Знаете, сите сме во иста каша, но не секому му се протестира или не секој се согласува со протестантите. Па ако некому му е до протестирање нека протестира таму негде па кој сака ќе дојде. Нека се става на фејсбук, он лајн петиции  или нека се користат други социјални мрежи и слично. Сметам дека Скопје доволно долго беше изложено на кампувања на улици, блокирања раскрсници и слично.

И уште еднаш, не свирете на секое со свирките, благодарам.

M-r Раде Чоловиќ

 

Редакцијата на ДЕНАР.МК не секогаш се согласува со ставовите искажани во текстовите од нашите соработници и истите не ги претставуваат ставовите на ДЕНАР.МК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП