22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовата Toyota Supra ќе стартува од 63.500 долари

Новата Toyota Supra ќе стартува од 63.500 долари

Уште информации за новата „Toyota Supra“ пристигнаа од еден од интернет-форумите на сопственици и фанови на возилото. Според нив, цената на спортскиот автомобил во САД ќе стартува од 63.500 американски долари, соопштува „Motor1“.

Ако ова е вистина, јапонскиот автомобил ќе се покаже поскап од главните конкуренти на пазарот „Porsche 718 Cayman“, „BMW M2“ и „Mercedes-AMG C 43 Coupe“. За оваа сума клиентите ќе добијат 3,0-литарски турбомотор со 6 цилиндри, производство на „BMW“. Моќноста на агрегатот е 335 КС, а максималниот вртежен момент е 500 Nm.

Оваа верзија на „Supra“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди. Во „Toyota“ се уште размислуваат во подоцнежна фаза да биде понудена и послаба (соодветно и поевтина) модификација која ќе добие 2,0-литарски турбомотор со 4 цилиндри и моќност од 248 КС. Ќе има и помоќна опција, повторно со мотор на „BMW“, која ќе развива 450 КС.

Веќе е познато дека моделот нема да се нуди со рачен менувач, туку само со автоматски. Новата „Supra“ ја дели платформата со идниот „BMW Z4“, чија премиера ќе се одржи оваа есен. Кога ќе биде претставен официјално автомобилот на „Toyota“, се уште не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП