3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКоја е вистинската цена на Tesla Model 3?

Која е вистинската цена на Tesla Model 3?

Широко распространето е мислењето дека „Tesla“ произведува електрични автомобили со загуба, особено што се однесува до новиот „Model 3“. Ако се верува на публикацијата на „WirtschaftsWoche“ сепак, тоа не е така.

Иженери од компанијата раскажуваат за весникот дека една „тројка“ го чини производителот 28.000 долари – 10.000 за производствени трошоци и 18.000 за материјали и други трошоци.

На овој начин, производителот заработува минимум 7.000 долари по автомобил. Како што е познато основниот „Model 3“ чини 35.000 долари, но се уште не е појавен на пазарот, бидејќи неговото производство треба да започне следната година. Засега најевтината верзија на моделот е „Tesla Model 3 Long Range“ кој чини 49.000 долари, плус „Tesla Model 3 Long Range AWD“ и „Tesla Model 3 Performance“ кои се продаваат за 54.000 и 78.000 долари.

Како „Tesla“ успеала да го направи производството на „тројката“ толку профитабилно засега не е познато, но најверојатно одговорот лежи во намалувањето на цената на кобалтот, што е важна и скапа компонента, составен дел од литиум-јонските батерии. Според извештаите на медиумите, „Tesla“ и „Panasonic“ имаат развиено метод кој овозможува да се заштеди до 75% од кобалтот при производството на батерии. Ако е така, компанијата навистина успеа да ги намали трошоците и да го зголеми приходот.

„Ако „Tesla“ успee да достигне ниво на производство на „Model 3“ од 10.000 примероци неделно, овој модел ќе има значителен позитивен придонес за приход“, вели вработен во компанијата за изданието. Според независни експерти сепак, всушност „Tesla“ заработува помалку од „Model 3“. Неопходно е да се земат предвид трошоците за транспорт, одржување и значителните инвестиции во проширувањето и модернизацијата на производството, што во моментов се прави многу активно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП