2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИQ Stylus – новите смартфони на LG

Q Stylus – новите смартфони на LG

„LG“ претстави неколку паметни телефони од средната класа кои доаѓаат со игла, објавија голем број медиуми. Уредите се од серијата „Q Stylus“ и се во три верзии – „Q Stylus“, „Q Stylus +“ и „Q Stylus a“.

Смартфоните имаат метална конструкција и сите негови верзии вклучуваат дисплеј од 6.2 инчи (1080p, 18: 9), батерија од 3.300mAh, „IP68“ сертификат за водоотпорност и „Android 8.1 Oreo“.

„Q Stylus +“ е врвен модел со 4GB RAM, 64GB простор за складирање податоци, 16MP главна камера и 8MP/5MP предна. „Q Stylus“ нуди 3GB RAM меморија /32GB ROM и „Q Stylus а“ доаѓа со иста количина на меморија, но 12MP главна камера. Досега, не е познат чипсетот на уредите, освен фреквенциите: 1.5GHz / 1.8GHz.

Игла овозможува рачно внесување на информации, како и уредување на различни типови на содржини. Функционалност на „Qlens“ е исто така достапна, што е аналоген на „Google Lens“. Кон ова го додаваме „DTS:X 3D“ сараунд звук и „Smart Rear Key“ сензор за отпечатоци од прстите. Покрај водоотпорноста, уредите го исполнуваат стандардот за издржливост „MIL-STD 810G“.

„LG Q Stylus“ ќе биде лансиран овој месец во Северна Америка и Азија, а во третиот квартал во другите клучни региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП