16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Peugeot 508 стана караван (фото)

Новиот Peugeot 508 стана караван (фото)

Францускиот производител „Peugeot“ претстави караван базиран на втората генерација на својот модел „508“. Возилото има подинамичен дизајн од својот претходник и доби врати без рамки.

Караванот беше прикажан само 3,5 месеци по премиерата на „Peugeot 508“. Токму овој модел е предводник на француската марка, откако во 2010-та година беше стопирано производството на седанот „607“.

Новиот автомобил го намали големиот багажник, иако неговиот обем е намален за 30 литри и веќе е 530 литри. Задните седишта може да се навалат на 27 степени, обезбедувајќи поголем комфор за патниците. Ако седиштата се отстранат, тие формираат рамен под и багажниот простор достигнува 1.780 литри.

Во останатото караванот се повторува со основниот модел – предницата е со „LED“ фарови, а во кабината е традиционалниот за последните автомобили на француската марка „i-Cockpit“. Има компактен управувач, централен 10-инчен екран на допир и 12,3-инчен дијагонален панел поставен на врвот.

Меѓу другите карактеристики возилото има намалена тежина за 70 килограми (благодарение на новата модуларна платформа „EMP2“), активнота суспензија (за верзијата „GT“) и првата класа систем за ноќно гледање, која може да детектира луѓе и големи животни на растојание до 250 метри.

Карванот се нуди со истите мотори кои ги има „508“. Тоа се два турбомотори со зафатнина од 1,6 литри (180 и 225 КС) и четири дизели „BlueHDi“ со зафатнина од 1,5 и 2,0 литри, со моќност од 130, 160 и 180 КС. Тие се комбинирани со новиот 8-брзински автоматски менувач развиена од јапонската компанија „Aisin“. Само дизелот од 130 коњски сили може да добие 6-степен мануелен менувач.

Пред публиката, новиот караван ќе биде прикажан на Саемот за автомобили во Париз во октомври, а ќе биде произведен во фабриката Мјулуз, каде што се оставува и основниот модел. Продажбата во Европа ќе започне во јануари 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП