19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung најавува лаптоп со Snapdragon процесор

Samsung најавува лаптоп со Snapdragon процесор

„Samsung“ е најновиот производител на уреди кој ги искористи можностите со „Snapdragon“ компјутерите, кој им се придружи на „HP“, „ASUS“ и „Lenovo“.

Покрај својот нов чипсет „Snapdragon“, „Qualcomm“ објави дека производителот на „Galaxy“ телефоните ќе ја интегрира картичката на „идни уреди“.

Со оглед на тоа дека „Samsung“ веќе произведува хибриди кои користат „Windows“, како „Galaxy“, кои се доволно преносливи за ги задоволат потребите на „Microsoft“ екосистемот „Alvais Connected PC“, сосема е можно дека идниот уред е 2 во 1.

Со оглед дека поврзаните компјутери треба да бидат „паметни“ во траењето на батериите и поврзувањето на ќелиите, експертизата на „Samsung“ како производител на смартфони може да му понуди предност пред традиционалните брендови на лаптопи.

Засега не постојат многу други достапни податоци, така да се што можеме да сториме е да замислиме и да шпекулирамe за тоа како би изгледал уредот.

Во меѓувреме, оваа соработка е значајна за „Qualcomm“, затоа што продолжува да ја зголемува листата на партнери за „Windows“ на платформата „Snapdragon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП