27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways може да ја забележи втората година по ред во загуба

Qatar Airways може да ја забележи втората година по ред во загуба

Авионската компанија „Qatar Airways“ може да забележи втора година по ред во загуба во 2018-та година заради регионалниот спор кој забрани летовите на авиокомпанијата до 4 арапски земји, изјави главниот извршен директор.

„Qatar Airways“ нема право да лета до 18 града во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет од јуни 2017-та година, кога овие земји ги прекинаа односите со Катар, обвинувајќи дека го поддржува тероризмот. Доха ги негира обвиненијата.

Превозникот забележал „значителна загуба“ во 2017-та година, објави главниот извршен директор Акбар ал-Бакр во април без да ја открие оваа бројка.

На прашањето за изгледите пред компанијата во 2018-та година во интервју за „Ројтерс“, Ал-Бакр вели: „Да, има можност тоа да е втора година со загуба, но сепак сериозно сме посветени да ги намалиме нашите загуби“.

Авиокомпанијата има стабилна монетарна рамнотежа и засега не и треба државна помош, рече тој на маргините на индустриската конференција.

„Не сметаме дека ни треба (државна помош) во блиска иднина. Но, ако оваа блокада продолжува неограничено со време, ќе има момент кога ќе мораме да го замолиме нашиот акционер да го внесе капиталот во компанијата“, додаде тој.

Тој рече уште дека „Qatar Airways“, која има удели во компанијата мајка на „British Airways“, „IAG“ во превозникот од Хонг Конг „Cathay Pacific Airways“ и јужноамериканската „America’s LATAM Airlines Group“, е отворена за стратешки инвестиции во други авиокомпании.

„Qatar Airways“ е во процес на аплицирање за нова авиокомпанија во Индија, рече Ал Бакр, но предупреди дека регулаторните барања се тешки.

„Ова можеби не е случај, но ние ќе се потрудиме да ја исполниме оваа желба“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП