3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm поднесе жалба до Европскиот суд за глобата од речиси една милијарда...

Qualcomm поднесе жалба до Европскиот суд за глобата од речиси една милијарда евра

Американскиот производител на чипови „Qualcomm“ побарал од вториот по сила суд во Европа да ја укине казната од 997 милиони евра, наметната од антимонополските регулатори на Европската унија. Во жалбата компанијата цитира многу грешки во одлуката на ЕУ, објави „Ројтерс“.

Европската комисија ја казни компанијата во јануари за тоа дека платила на „Apple“ да се искористат само нејзини чипови за уредите „iPhone“ и „iPad“, со што не му дала на конкурентот „Intel“ шанса да освои дел од пазарот.

Одлуката на антимонополските власти на ЕУ е обележана со процедурални и правни грешки, вели „Qualcomm“ во жалбата пред Општиот суд на ЕУ со седиште во Луксембург, што се гледа од журналлот на Комисијата во понеделникот.

Судиите обично имаат потреба од неколку години да одлучуваат за такви случаи.

„Qualcomm“ е вмешана и во друго дело на ЕУ, во кое е обвинувана дека продавала чипови под нивната цена, за да го истера од пазарот британскиот производител на софтвер за телефони „Icera“, кој сега е дел од „Nvidia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП