5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДоколку имате BMW и iPhone оваа апликација е за вас

Доколку имате BMW и iPhone оваа апликација е за вас

m-power-app-1

Нова апликација ќе биде достапна од ова лето за возчите на „BMW“, а ќе им овозможи досега невиден начин за подобрување на своите перформанси, како на улиците, така и на патеките.

„M Power App“ во основа ги собира податоците од автомобилските сензори и потоа ги прикажува резултатите на „iOs“ уредите. Системот е способен да прикаже мноштво информации, од мапите на патеката со движењето и брзините, па дури и податоци за Г-забрзувањето, сопирањето, како и аголот на управување. Апликацијата дури може директно да ја спореди телеметријата на двајца возачи, а можно е добиениот резултат едноставно да ја поделат по пат на електронска пошта.

„M Power App“ можеби нема да ги освои сите сопственици на „BMW“, но прилично сме сигурни дека се најдат кај оние кои покрај „iPhone“ ќе посакаат и „BMW“ со понова година на производство.

Имено за да може апликацијата да работи автомобилот мора да биде опремен со опцијата „BMW Apps“ за да може „iPhone“ или „iPad“ уредите да се поврзат со системот, поточно од него да ги читаат информациите.

Апликацијата засега е достапна исклучиво за „iOs“ уредите, а како што стојат работите во „BMW“ засега немаат план да понудат апликација која ќе работи на уредите кои користат „Android“ оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП