3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГСОЛ: Просечна плата во „Фени“ е 27.000 денари

ГСОЛ: Просечна плата во „Фени“ е 27.000 денари

Закупецот на „Фени“, швајцарски ГСОЛ, најавува дополнителна инвестиција од 10 до 15 милиони евра во реконструкција на втората печка, која сега не е во функција. Со нејзиното рестартирање очекуваат и зголемување на производство од 19.000 до 21.000 тони никел годишно.

Од „Екуроникел“, македонското претставништво на ГСОЛ, велат дека ретстартирањето на печката е ставено како приоритет во планот за реорганизација на фабриката кој бил презентиран пред Одборот на доверители и кој очекуваат да биде прифатен и од стечајниот управни и стечајниот совет.

„Дел од процесот за успешно рестартирање на ‘Фени’, ‘Еуроникел’ го започна веќе со договорот за закуп на кавадаречкиот комбинат со што беше спречено и дополнително пропаѓање во долгови со целосна исклученост на печките и на производството. Од рестартирањето на Фени до сега веќе се произведени над 2.500 тони никел, има континуиран извоз, а се ангажирани и 200 локални компании кои го вршат транспортот од пристаништето во Солун и од Албанија. Оттогаш до денес увезени се над 200 илјади тони руда од рудниците на ГСОЛ во Африка, како и од Индонезија, а во план е и увоз на руда од Латинска Америка. Во меѓувреме, зголемени се и платите на вработените кои вклучуваат и бонуси, од претходните просечни 23.000 денари, на 27.000 денари, со натамошен растечки тренд кој го следи порастот на производството“, велат од „Еуроникел“.

Од компанијата велат дека во план се и други стимулации за вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП