3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИдните Sony камери на телефоните ќе работат со AI

Идните Sony камери на телефоните ќе работат со AI

Камерите на телефоните во минатото беа само тоа – камери. Доколку сте сакале да фотографирате, беше потребно да ја насочите камерата кон предметот за фотографирање и да го притиснете копчето и тоа е тоа.

Ова е начинот на кој повеќето камери за смартфони и денеска функционираат, меѓутоа започнуваме да забележуваме се поголем број на компании кои се насочуваат кон имплементација на вештачката интелегенција (AI) со цел да ги направат камерите подобри.

Во овој правец размислува и компанијата „Sony“, судејќи според објавата на блогот „Sony Mobile“. Во неа се вели за камерите на телефонот „Sony Xperia XA2 Ultra“, кој за прв пат беше објавен на овогодинешниот саем „CES 2018“. Една од главните карактеристики на телефонот е системот со две предни камери.

Кенсуке Машита, сениор менаџер во „Sony“ за технологијата за камери, истакна дека „селфи“ прилагодениот „AI“ би можел да биде на пат во технологијата на камери за идните „Sony“ телефони. Според неговите зборови, компанијата развива следна генерација на камери со корисничко искуство.

Ова нема да биде прв пат „Sony“ да ја користи „AI“ со цел да ги подобри камерите на своите телефони, но што конкретно идниот „AI“ ќе донесе останува да се види кога идниот телефон на компанијата ќе биде претставен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП