11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo во оваа година ќе објави три нови игри на Pokemon

Nintendo во оваа година ќе објави три нови игри на Pokemon

Три нови игри за Pokemon се планирани од страна на „Nintendo“ за неговата конзола „Switch“ во оваа година. Ова може да биде важен мотор за продажбата во момент во кој компанијата се обидува да го избегне малиот број премиери, кој доведе до неуспех на нејзината претходна конзола.

Уредот кој чини 300 долари – „Switch“ дебитираше на пазарот во март 2017-та година. До март 2018-та година има продадено над 17 милиони примероци според податоците на „Nintendo“ – што е изненадувачки хит, кој бележи закрепнување по неуспехот на претходната конзола „Wii U“.

„Wii U“ продаде само 13,56 милиони единици за својот петгодишен „живот“, поради послабото количество игри во раните години, велат аналитичарите.

Сопствениците на „Switch“ сега имаат пристап до игри од популарни франшизи, како „Mario“ и „Zelda“ кои беа пуштени во првата година на уредот и помогнаа за привлекување на долгогодишните обожаватели кон новиот хардверски предлог. Но аналитичарите на индустријата тврдат дека „Nintendo“ ќе треба да го задржи темпото на силни премиери на игри за да ја исполни својата цел да продаде уште 20 милиони примероци од конзолата во рамките на фискалната година.

„„Wii U“ беше толку неуспешен, делумно поради тоа што игрите не беа доволно атрактивни“, изјави консултантот од Токио, Серкан Тото.

„Pokemon“, со своите чудовишта и херои што ги сакаат децата, може да промовираат подобри перформанси. Над 300 милиони игри за „Pokemon“ се продадени во светот од 1996-та година според „Pokemon Co.“, која управува со франшизата и е сопственост на „Nintendo“, „Game Freak“ и „Creatures Inc.“.

„Ние развивме нови игри за „Pokemon“ со надеж да ја засилиме инертноста на „Switch““, објасни Цунеказу Ишихара, извршен директор на „Pokemon Co.“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП