19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook не очекува пречки при нејзините купувања во нови области

Facebook не очекува пречки при нејзините купувања во нови области

Во „Facebook“ веруваат дека можат да се здобијат со други големи компании, без да се соочат со антимонополски нервози, доколку најголемата социјална мрежа во светот избере да влезе на нови пазари, изјави главниот оперативен директор на „Facebook“, Шерил Сандберг, цитирана од светските агенции.

Сандберг беше прашана од новинарите за време на „Code Conference“ за тоа дали поради големината во иднина „Facebook“ ќе успева да добива дозволи да купува компании, откако претходно ја купи фирмата за виртуелната реалност „Oculus“ и апликацијата за разговор „WhatsApp“.

„Тоа навистина зависи од она што го зборуваме. Ако е нешто што не е суштински дел од работите кои ги правиме, и е во нова област, како што беше „Oculus“, сметам дека најверојатно ќе можеме“, објасни Сандберг.

Таа не даде никакви индикации за договор кој претстои.

„Facebook“, една од најголемите компании по пазарна капитализација во светот, се зголеми делумно преку превземањата. Во 2014-та година таа ја купи апликацијата „WhatsApp“ за 22 милијарди долари, а „Oculus“ за 3 милијарди долари, но од тогаш не направила слични превземања. Во 2012-та година, таа го купи „Instagram“ за една милијарда долари.

Регулаторите во ЕУ изразија загриженост за планот на „Facebook“ и „WhatsApp“, со кој ќе започнат да ги споделуваат телефонските броеви и другите податоци.

Сандберг изјави дека споделувањето на податоци помеѓу двете мрежи носи бенефиции, пример апсење на луѓе кои ја злоупотребуваат и малтретираат деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП