18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТоплификација АД Скопје ги објави финансиските резултати за период Јануари- Март 2018

Топлификација АД Скопје ги објави финансиските резултати за период Јануари- Март 2018

Остварената нето добивката по оданочување за период 01.01.-31.03.2018 година изнесува 1,001 илјади денари.

Вкупните приходи се во износ од 48,401 илјади денари за период Јануари-Март 2018 година. Вкупните приходи се состојат од приходи од продажба, други оперативни приходи и финансиски приходи. Приходите од продажба се приходи кои произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија, приходи од продажба на топлинска енергија, приходи од проекти. Другите оперативни приходи во најголем дел се приходи од побарувања за топлинска енергија. Финансиските приходи се приходи од камата на побарувања по однос на дадени заеми и побарувања по однос на продадена топлинска енергија.

Вкупните трошоци за периодот 01.01.-31.03.2018 година изнесуваат 47,399 илјади денари. Вкупните трошоци се состојат од административни трошоци, останати оперативни расходи и финансиски трошоци. Административните трошоци се во износ од 25,152 илјади денари. Во оваа група на трошоци влегуваат трошоци за гориво за производство на топлинска енергија, трошоци за амортизација, трошоци за услуги, материјали, трошоци за вработени и останати трошоци. Останати оперативни трошоци се во износ од 1,454 илјади денари и истите се трошоци за отпис на побарувања за топлинска енергија и трошоци на продадени производи и услуги.
Финансиските трошоци се во износ од 20,793 илјади денари. Финансиските трошоци се трошоци за камата за земени краткорочни/долгорочни кредити/заеми.

Исплатени дивиденди
Согласно одлуката за распределба на добивка донесена на Седницата на собранието на акционери одржана на 31.10.2017 година, нераспределената добивка е распределена 5% на законски резерви и остатокот е распореден за инвестиции- реинвестирана добивка, односно не беше распределен дел за дивиденда на акционерите.

Oчекувања за престојниот период
Во текот на 2018 година се очекува остварување на приходите од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија во износ од цца 85 милиони денари, се очекува наплата на побарувања од топлинска енергија а со тоа и намалувања на кредитната изложеност на компанијата. Согласно одлуката од Врховен суд со која ТЕ-ТО АД е задолжен на Топлификација АД да и плати износ од 383,623,254 денари само по основ на главен долг и додатно камата по основ на главниот долг, се очекува во 2018 година наплата по овие побарувања. Во 2018
година ќе продолжат активности на други проекти од областа на енергетиката поврзани со дистрибуција на гас на ниво на урбани средини, либерализација на пазар на електрична енергија и примената на обновливи извори на енергија по пазарни услови.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП