7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Кока кола“ го пушти во продажба својот прв алкохолен пијалок

„Кока кола“ го пушти во продажба својот прв алкохолен пијалок

„Кока кола“ го пушти во продажба својот прв алкохолен пијалок, кој е наменет за јапонскиот пазар. Oвој пијалок со вкус на лимон ќе се продава во три варијанти, со јачина меѓу 3 и 8 отсто алкохол. Целната група е помлада популација, особено жени.

Во духот на традицијата на компанијата, рецептот се чува во тајност, но тој е направен врз основа на популарниот јапонски пијалок „чу -хај“, кој е мешавина од локален алкохол и широка палета на овошни вкусови, што се нарекува алкопоп. „Чу-хај“ во Јапонија се рекламира како алтернатива за пиво и особено е популарен меѓу жените. Најпопуларни вкусови се грејпфрут и лимон.

Од компанијата велат дека засега немаат намера да го донесат овој производ и на други пазари. Ова е првиот алкохолен производ на компанијата во нејзината 132-годишна историја.

Американската компанија влегува на многу конкурентен и сегментиран пазар, во кој големите јапонски играчи, како Suntory Holdings Ltd., Kirin Holdings Co. и Asahi Group Holdings Ltd., држат најголем дел од продажбите во големите супермаркети.

Иако во периодот од 1977 до 1983 година Coca-Cola поседува акционерски удел во американската винарија Taylor Wines, компанијата никогаш не предлагала алкохолни пијалоци директно на пазарот во целата своја историја, која датира од 1886 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП