10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche избра 7 клучни модели од своите 7 децении (фото+видео)

Porsche избра 7 клучни модели од своите 7 децении (фото+видео)

Селекцијата е извршена така што е избран по еден „Porsche“ модел од секоја деценија која ја одбележа таа декада во компанијата од Штутгарт.

Иако Фердинанд Порше ја основаше компанијата и ја отвори работилницата во Штутграт уште 1931-ва година, првиот автомобил „Porsche“ регистриран е дури на 8-ми јуни 1948-ма година.

Со оглед дека наскоро навршуваат 7 децении од тој датум, компанијата би сакала да го одбележи јубилејот така што ќе избере седум легендардни „Porshe“ модели од изминатите 7 декади.

Прв во изборот е огриналниот „356“ од 1951-ва. Toа воедно е и првиот германски автомобил кој ја добил додавката „SL“ во ознаката („Mercedes 300 SL“ ќе се појави некоја година подоцна).

„Porsche 356“ имаше четирицилиндарски 1.1-литарски „боксер“ мотор со 46 ks (34 kW) кој автомобил беше тежок само 640 kg, што му овозможуваше да развие брзина од 160 km/h.

Убедливо најважниот „Porsche“ кој се појави во следната деценија, 1960-тите, е „911“. Како репрезент на овој легендарен модел е избрана купе верзијата од 1964-та.

Инаку, првично овој модел ја имал ознаката „901“, но поради компанијата „Peugeot“, која имала право на троцифрените ознаки со „нула“ во средината“, бројот е променет во „911“.

Третиот модел во овој избор е тркачкиот „Porsche 917 KH“ од 1970-тите кој на компанијата и ја донесе титулата во трката на издржливост „24 часа Ле Ман“.

Тоа беше и првиот „Porsche“ со мотор од 12 цилиндри. Агрегатот со зафатнина од 5.0-литри призведува 630 ks (463 kW) и може да развие 360 km/h.

Покрај тоа што триумфираше на патеката во Ле Ман, се појави и во истоимениот филм со Стив Меквин во главна улога. Токму примерокот од тој филм на една аукција одржана во 2017-та достигна цена од 14 милиони долари.

Следната деценија го донесе легендарниот суперспортcки „Porsche 959“.

Кога е претставен во 1986-та, овој модел ја понесе титулата најбрз сериски автомобил на светот, кој може легално да се вози на јавните патишта. Германскиот магазин „Auto Motor und Sport“ го тестираше во 1988-ма година, „Porsche 959“ на патеката Нардо во Италија забележа максимална брзина од 339 km/h.

За клучен автомобил од 1990-тите, „Porsche“ го избра својот основен модел „Boxster“ (иако многумина очекуваа дека автомобилот кој ја одбележа оваа декада ќе биде духовниот наследник на „959“, „Porsche Carrera GT“).

Сепак, избран е „Boxster“, зa кој се верува дека и помогнал на компанијата да мине низ кризните години на почетокот од 1990-тите.

Првата деценија од 21-виот век, според мислењето на луѓето од „Porsche“, ја одбележа првиот „SUV“ во гамата на производителот од Штутгарт – „Cayenne“.

Овој „SUV“ и донесе на компанијата нови купувачи и овозможи голем раст на продажбата и добра заработка во следните години, за во 2014-та да му се приклучи уште еден „SUV“ модел – „Porsche Macan“.

За најважниот „Porsche“ во изминативе 10 години е избран хиперспортскиот „918 Spyder“. Oвој автомобил забележа извонредно време на патеката Нирбургринг, која ја мина за само 6 минути и 57 секунди.

Направен во само 918 примероци, а хибридниот погонски систем на овој автомобил се состои од 4.6-литарски V8 мотор кој развива 608 ks (447 kW), и два електромотори. Тие произведуваат 156 ks (115 kW) и 129 ks (95 kW), oдносно вкупно 285 „коња“.

Максималната комбинирана моќ на хибридниот погон изнесува 887 ks (652 kW).

Доколку вие избирате, за кој 7 модели на „Porsche“ ќе се одлучите?

Во продолжение можете да го поледнете видеото кое „Porsche“ објави по повод успешните 7 децении:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП