17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm се подготвува да се состане со кинеските регулатори за договорот со...

Qualcomm се подготвува да се состане со кинеските регулатори за договорот со NXP

„Qualcomm“ очекува средба со кинеските антимонополски регулатори во Пекинг во рамките на последниот напор за обезбедување на „амин“ за предложените од неа 44 милијарди долари за купување на „NXP Semiconductors“, посочуваат тројца извори на „Ројтерс“.

Договорот се покажа како дел од вжештените спорови меѓу САД и Кина во однос на трговијата, а изворите тврдат дека одобрувањето на зделката ќе зависи од прогресот на преговорите меѓу земјите. Договорот беше усвоен од осум од деветте клучни регулатори во светот. Сега се очекува тоа да го стори и Кина.

„Qualcomm“ најверојатно ќе се сретне со кинеските регулатори пред американскиот министер за трговија Вилбур Рос да пристигне во Кина во сабота, коментираат изворите.

Тим на „Qualcomm“ и претставници на властите од Државната администрација за пазарна регулација (SAMR) се сретнаа во Пекинг во петокот и имале „продуктивни“ разговори, дополнуваат изворите.

Компанијата со седиште во Сан Диего во моментов е „силно оптимистичка“ дека договорот ќе се реализира, коментира еден од изворите во позадина на неодамнешните индикации дека трговските односи меѓу САД и Кина се заладија, откако двете земји предложија воведување на царини за десетици милијарди долари.

Во петокот администрацијата на Доналд Трамп изјави дека постигнала договор да ја врати „ZTE“ назад во бизнисот, откако кинеската телекомуникациска компанија плати 1,3 милијарди долари казна и изврши неколку промени во менаџментот.

Решавањето на проблемот со забраната на продажба на американски производи на „ZTE“ е од особена важност за властите во Кина. Компанијата доби забрана во април и нема право да купува американски технолошки компоненти за период од 7 години, откако ги наруши американските санкции против Иран и Северна Кореја.

„Се чини дека работите завршуваат“, рече еден од изворите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП