26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTоп-листа на градови во кои најдобро се заработува

Tоп-листа на градови во кои најдобро се заработува

Мапирањето на светските цени на годишно ниво е извештај на „Дојче банк“ во кој се споредуваат трошоците за стоки и услуги во големите градови низ целиот свет и се анализира животниот стандард на граѓаните – од просечната цена на кирија до онаа на една кутија цигари.

Врз основа на овие анализи, „Бизнис инсајдер“ сега објави листа на топ 28 градови во кои се заработуваaт најмногу пари.

Еден од факторите за извлекување на заклучоците била просечната нето-плата како показател за нивото на богатство во одреден град. Општо земено, градовите на врвот од оваа листа се финансиски центри како Лондон, Њујорк и Франкфурт, каде што трошоците за живот се повисоки, а како резултат на тоа, повисоки се и платите.

Исто така, што се однесува до географската локација, најдобро котираат градовите од северната хемисфера, односно од развиените западни земји, но листата дава надеж и за јужната хемисфера, со градови како Мелбурн и Велингтон во Нов Зеланд.

Градот со највисока просечна месечна нето-плата е швајцарскиот Цирих, со 5.764 американски долари. Во продолжение, погледнете ја целата листа:

1. Цирих, Швајцарија – 5.764 долари,
2. Сан Франциско, САД – 4.974 долари,
3. Њујорк, САД – 4.115 долари,
4. Сиднеј, Австралија – 3.914 долари,
5. Бостон, САД – 3.740 долари,
6. Осло, Норвешка – 3.664 долари,
7. Чикаго, САД – 3.650 долари,
8. Копенхаген, Данска – 3.462 долари,
9. Дубаи, ОАЕ – 3.447 долари,
10. Франкфурт, Германија – 3.389 долари,
11. Лондон, Обединето Кралство – 3.381 долари,
12. Мелбурн, Австралија – 3.263 долари,
13. Сингапур – 3.099 долари,
14. Амстердам, Холандија – 3.058 долари,
15. Токио, Јапонија – 3.004 долари,
16. Стокхолм, Шведска – 2.999 долари,
17. Хелсинки, Финска – 2.988 долари,
18. Велингтон, Нов Зеланд – 2.946 долари,
19. Париз, Франција – 2.886 долари,
20. Даблин, Ирска – 2.762 долари,
21. Окленд, Нов Зеланд – 2.723 долари,
22. Единбург, Велика Британија – 2.565 долари,
23. Хонг Конг – 2.550 долари,
24. Торонто, Канада – 2.519 долари,
25. Берлин, Германија – 2.482 долари,
26. Брисел, Белгија – 2.480 долари,
27. Ванкувер, Канада – 2.458 долари,
28. Виена, Австрија – 2.425 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП