3 мај, 2024
ПочетнаКОЛУМНИМисла на неделата – Морален распад

Мисла на неделата – Морален распад

И си беше една ТВ презентерка која затаила данок. Се покаја си плати казна и никому ништо. Си беше и еден доктор кој призна (откако го фатија) дека земал поткуп и си се покаја и си плати казна и тоа се заврши.

Не е приказна, ви текнува.

Се прашувам дали има морал во ова наше општество, во оваа ни државичка или толку ни е испран мозокот или толку сме сиромашни што сиромаштијата ни удри и во паметот и веќе ништо не може да не поремети. Па добро има ли здруженија, комори  има ли еснаф овде јавно да го жигосаат неделото, а и оној кој го направил. За судската одлука не се коментира, нели?!

Зошто сега го пишувам ова откако поминаа неколу месеци? Па баш затоа што испаѓа дека секое чудо е за три дена и после – дај друго дете односно дај друга афера.

Да продолжам. Му претеа на новинар и јас немам слушнато дека Јавното обвинителство се огласи по овој случај или дека го реши. Ако е случајот решен јас јавно се извинувам што не сум информиран. Но пак ќе прашам каде е новинарскиот еснаф да реагира и да прашува или се уште имаме новинари по нарачка? Па се чудиме зошто весниците ни се затворале.

Мислам дека ни е во генезата наместо проблемот да го решаваме, најдобро да помолчиме или да си заминеме. Само не ми е јасно како може во Западна Европа да ги почитуваме законите повеќе и од локалното население. Или, кај што има сила нема правда?

Поентата ми е дека треба прво сите ние промените во свеста да ги започнеме на индивидуално ниво, односно да поченемe од самите себеси, од сопствените семејства, па понатака спиралата да се одмотува и да го зафати цело општество.

Уште само ова. Мислам дека сме единствена држава каде нелегалните тезгаџии ги блокираат улиците зошто биле тргнати, а ние граѓаните ќе си одиме по еден час накај дома. Ех, мајко Македонијо.

 

М-р Раде Чоловиќ

 

Редакцијата на ДЕНАР.МК не секогаш се согласува со ставовите искажани во текстовите од нашите соработници и истите не ги претставуваат ставовите на ДЕНАР.МК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП