29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвештај на Европската комисија: Македонската економија е на вистински пат

Извештај на Европската комисија: Македонската економија е на вистински пат

Според Извештајот на Европската комсиија Македонија бележи најголем напредок во исполнувањето насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи во споредба со земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за финансии, во овогодишниот извештај е нотирано дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година што јасно укажува на напредок во имплементацијата на препораките. Овие податоци можат да се видат на графиконот за напредокот на земјите во исполнување на насоките од програмата.

Напредокот бил истакнат на денешниот дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствувале министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска.

Ваквиот дијалог, како што истакнал Тевдовски, нè подготвува за идно учество во координацијата на економската политика на ЕУ.

За да напредува економијата, потребни се повеќе реформи, меѓу кои и водење здрава фискална политика. Досега се преземени голем број активности и мерки. Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 е усвоена во декември 2017 година. Со реализацијата се зајакнува системот на јавни финансии, се унапредува транспарентноста, одговорноста, фискалната дисциплина и ефикасноста во управувањето со јавните ресурси, посочуваат од Министерството за финасии.

Новиот Закон за буџети, додаваат, се очекува да биде усвоен до крајот на годинава и ќе ги опфати сите реформи во насока на зајакнување на фискалната рамка.

Министерот Тевдовски ја потврдил проекцијата на Владата за економски раст од 3,2 отсто. Тоа е во согласност со ревидираната проекција на Европската комисија и Народната банка.

– За прв пат по 10 години Владата и Министерството за финансии навремено ја усвоија Фискалната стратегија. Стратегијата ги вклучува и препораките на ММФ и Европската унија, посочил Тевдовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП