19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои се најпродаваните автомобили во Европа во моментов?

Кои се најпродаваните автомобили во Европа во моментов?

Продажбата на нови автомобили во земјите на ЕУ се одвива добро, покажуваат статистиките на изданието „focus2move“.

Кои се најпродаваните автомобили во Европа за првите 4 месеци од 2018-та?

Девет од моделите во Топ 10 за првите 4 месеци од 2018-та година покажуваат позитивна динамика во април. Таа е највисока кај „Ford Fiesta“ – 25,2%, со што компактниот хечбек се искачи на четвртата позиција во април со 25.037 продадени единици. За четирите месеци од оваа година беа продадени 113.284 возила.

Лидерот е ист – „Volkswagen Golf“, кој во април продаде 45.376 возила (зголемување од 9,3%). За првите четири месеци од 2018-та година, резултатот на моделот е 195.449 единици, што е 11.2% повеќе од 2017-та година.

Втората позиција е за „Renault Clio“ – 32.630 единици (+10.45) во април и 126.257 во периодот јануари-април (+ 0,6%). Третото место е за „Volkswagen Polo“ – 33.386 продадени во април (+ 6.6%) и 123.754 за четирите месеци (-3.6%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП