22 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Сбербанк“ се повлекува од Европа, банката си најде нов пазар!

„Сбербанк“ се повлекува од Европа, банката си најде нов пазар!

Руската банка планира да го намали присуството во Европа, а да го прошири работењето во Казахстан и Белорусија, но се очекува и да го продаде својот бизнис во Украина.

Имено, тоа го изјави директорот на банката во Русија, Херман Греф.

„Работиме во Европа, Белорусија, Казахстан и Украина. Украина е друга приказна. Таму веќе имавме три обиди за продажба на банката, а сега ќе направиме уште еден обид и се надеваме овој ќе биде успешен“, рече Греф за ТВ каналот „Русија 24“.

Исто така, тој најави дека до крајот на третиот квартал 2018-та година ќе биде заклучена трансакцијата за продажба на „Денизбанк“, нивната турска филијала, една од најголемите банки во Обединетите Арапски Емирати. Вредноста на таа трансакција, како што е наведено ќе биде најмалку 3,4 милијарди долари.

Директорот на банката додаде дека, „Сбербанк“ не би ја ставиле никогаш на продажба доколку не беа воведени санкциите кон Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар