20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДеби на три телефони од серијата Q7

Деби на три телефони од серијата Q7

Компанијата „LG“ веќе некое време произведува паметни телефони со „Android“ и средни спецификации, па сега претстави нови три членови од серијата „Q7“.

„Q7“ семејството се состои од моделите „Q7a“, „Q7“ и „Q7+“, првите два имаат 3GB RAM и интерна меморија од 32GB, додека третиот доби 4GB RAM и 64GB интерна меморија.

Исто така, првите два модели имаат 1,5 GHz oсумјадрен процесор, а третиот поседува процесор од 1,8 GHz со осум јадра.

На задната страна на моделите „Q7“ и „Q7a“ има камера од 13 мегапиксели, додека во случајот со моделот „Q7+“ тука се наоѓа камера од 16 MP.

Од друга страна, „Q7+“ и „Q7“ напред имаат камера од 8 MP, a „Q7a“ од 5 MP.

Телефоните имаат портрет режим, „QLens“ (подобрената камера на „LG“), аудио „Hi-FI“, „DTS:X 3D Suround Sound“ поддршка со 3,5 mm аудио приклучок, „microSD“ слот за проширување на меморијата, оперативен систем „Android 8.0 Oreo“, „LTE“ радио, сензор за отпечаток на прстот на задната страна, а покрај тоа се отпорни на вода и прашина.

„LG Q“ серијата ќе биде достапна на одредени пазар, а цените се очекува наскоро да бидат познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП