20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen нема да го промени дизајнот на својот прв електричен автомобил

Volkswagen нема да го промени дизајнот на својот прв електричен автомобил

Главниот дизајнер на „Volkswagen“ – Клаус Бишоф, откри пред „Autocar“ дека дизајнот на сериската верзија на електричниот хечбек „I.D.“ практично нема да се разликува од тој кој е прикажан на концептуалниот модел во 2016-та година.

Ова е првиот модел на брендот, кој е дизајниран и развиен целосно како електричен автомобил, така што промените не се потребни. Во сериската верзија, камерите за замена на страничните ретровизори, како и електричните рачки на вратите ќе бидат отстранети. Ова се должи на некои законски ограничувања, како и на поскапото производство.

Интензивниот дел од тестовите на првиот прототип „I.D.“ ќе започне во септември оваа година, додека почетокот на производството е закажан за ноември 2019-та година. Продажбата започнува во 2020-та година, според директорот на концернот „Volkswagen“ Херберт Дис, цената на електричниот „I.D.“ ќе биде споредлива со дизел модел на брендот.

Се очекува електричното возило од серијата на „Volkswagen“ да добие електричен мотор со 169 КС што ќе овозможи забрзување од 0 до 100 км/ч за 8 секунди. Максималната брзина е 160 км/ч и со едно полнење ќе се движи помеѓу 400 и 600 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП