15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОлег Телној ја презема функцијата генерален директор на рудникот „Саса“

Олег Телној ја презема функцијата генерален директор на рудникот „Саса“

Од 17 мај функцијата генерален директор на рудникот за оволо и цинк „Саса“ од Македонска Каменица ја извршува Олег Телној.

Назначувањето на Олег Телној за нов генерален директор на „Саса“ е дел од долгорочната стратегија за развој на „Саса“ поставена од страна на инвеститорот – компанијата „Централ Азија металс“ од Лондон, се вели во соопштението на „Саса“ .

Новиот генерален директор на раководната позиција во „Саса“ доаѓа од местото генерален директор на операцијата за експлоатација на бакар Кунрад во Казахстан.

„Моите првични импресии се дека рудникот ‘Саса’ располага со навистина голем потенцијал за натамошен развој. Во изминатиот период направени се сериозни вложувања во модернизација на рудникот, а постигнати се и значајни резултати во поглед на благосостојбата и безбедноста на вработените, како и во заштитата на животната средина, што остануваат наши клучни приоритети. ‘Саса’ располага со искусен, стручен и посветен кадар и јас верувам дека преку заедничка соработка ќе ги оствариме сите поставени развојни цели на компанијата од што придобивки ќе имаат сите“, изјави новиот генерален директор на „Саса“, Олег Телној, веднаш по стапувањето на функцијата.

Новиот генерален директор на „Саса“ е дециден дека компанијата под негово раководоство ќе продолжи со инвестициите во сите клучни сегменти со кои треба да се обезбеди уште поефикасно работење, а ќе продолжи и со натамошна реализацијата на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП