23 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрајслер отповика 630.000 возила

Крајслер отповика 630.000 возила

Chrysler-Recall Refusal

Само два дена откако го одбија барањето на владата на САД да повлечат 2.7 милиони стари модели на „Џип“, Крајслер се одлучи ширум светот да отповика вкупно 630.000 автомобили.

Овој автомобилски гигант ќе повлече 409.000 возила од моделите „Џип Патриот“ и малите СУВ автомобили „Компас“ кои се произведени во периодот од 2010-та до 2012-та година поради проблеми со воздушните перничиња и безбедносните појаси.

Крајслер исто така ќе отповика и 221.000 автомобили од моделот „Џип Вранглер“ од 2012-та и 2013-та година за да го отстранат дефектот кој го имаат предизвикан од течењето на масло од менувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП