26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДеби на моделот Honor 10 (фото+видео)

Деби на моделот Honor 10 (фото+видео)

Компанијата „Honor“ во Лондон го претстави моделот „Honor 10“, својот главен смартфон за 2018-та година, кој на корисниците ќе им донесе две револуционерни технологии – напредена „AI 2.0“ технологија на камери со две леќи и „3D“ стаклена позадина со нано-оптичка површина.

Покрај тоа што камерите на задната страна на телефон поддржуваат „AI 2.0“ технологија, и 24MP предна камера, „Honor 10“ е интелегентен „селфи“ придружни кој поддржува „3D“ препознавање на лице, врши оптимизација на деталите на лицето и детектира преку 100 точни на лицето на ниво на пиксели, вели производителот.

Стаклениот дизајн на „Honor 10“ се состои до 15 слоеви на „3D“ стакла на задната површина и му овозможува на телефонот да сјае во ралични бои од сите агли, на природно светло и во сенка.

Во соопштението се наведува дека „Honor 10“ ќе биде достапен по цена од 600 евра од 15-ти мај на селектирани пазари, како што се Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија, а наскоро ќе се појави и на други пазари.

Претседателот на компанијата „Honor“ рече дека повеќето телефони од 2016-та година ќе бидат достапни само во три бои: црна, бела и златна.

„Honor“ ја воведе „Phantom Blue“ во 2016-та година, „PhantomGrey“ во 2017-та година, а сега извонредната „Aurorа“, која носи вистинска револуција во областа на дизајнот на паметните телефони, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП