29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMarks & Spencer ќе затвори десетици продавници?

Marks & Spencer ќе затвори десетици продавници?

Британскиот синџир на продавници „Marks & Spencer“ се подготвува да затвори десетици продавници во Велика Британија во позадината на тешкотиите со конјуктура за традиционалните трговците, соочени со зголемената конкуренција на онлајн трговијата, пишува британскиот „Guardian“, цитиран од агенциите.

„Marks & Spencer“ ќе затвори стотина големи продавницата кои продаваат прехранбени производи и облека поради намалениот обрт и профит, тврди „Guardian“.

Според „Sunday Times“, синџирот ќе затвори 40 продавници.

Групата поседува околу 1.000 продавници во Велика Британија, од кои околу 300 се големи трговски центри кои нудат прехрамбени производи, облека и домашни апарати, како и околу 700 објекти, во кои се продава само храна.

Инвеститорите очекуваат групата да ги објави своите резултати во среда за да објави пад на профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП