26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена нето-платата во однос на март минатата година

Зголемена нето-платата во однос на март минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата од  вработен во март 2018 година во однос на истиот месец лани изнесува 23.694 денари, што претставува зголемување од 5,6 отсто, а просечната исплатена бруто-плата изнесува 34.764 денари и е повисока 5,3 отсто во споредба со март минатата година.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите рударство и вадење камен – 12,6 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување – 9,7 и информации и комуникации – 8,8 отсто.

Зголемувањето, пак, на бруто-платата е резултат на повисоката просечна месечна исплатена бруто-плата од вработен во секторите рударство и вадење камен – 17,3 отсто, информации и комуникации – 14,6 и преработувачка индустрија – 12,7 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата од вработен во однос на претходниот месец има во секторите рударство и вадење камен – 13,2 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување – 8,8 и информации и комуникации – 8,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП