25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord отвори нов тест центар во Европа (видео)

Ford отвори нов тест центар во Европа (видео)

Американскиот производител „Ford“ реализира една своја идеја, најавена уште на крајот на 2017-та година. Во европскиот центар на компанијата во Келн (Германија) започна со работа нов центар за тестирање на автомобилите. Тој е дизајниран да создава екстремни услови кои се карактеристични за различни региони во светот.

Во центарот е основан првиот во светот аеродинамичен тунел, во кој може да се симулираат силни снежни врнежи и услови типични за надморска височина од 5.200 метри. На толку се наоѓа базниот камп, од кој алпинистите го напаѓаат највисокиот врв на планетата – Еверест.

Во двете одделни простории воздухот може да се излади до -40 °C или да се загрее до + 55 °C, а исто така и да се создаде 95 процентна влажност. Од „Ford“ велат дека лабораторијата им е истовремено најтоплата, највлажната и највисока точка во Западна Европа, а тоа дава можност да се оцени ефикасноста на климатизацијата, а исто така и звуците, издавани од системите на возилото при различни температури и влажност.

Вториот аеродинамичен тунел создава услови за проверка на стартувањето на моторот, греењето на воздухот и видливоста. Во третата цевка автомобилите се тестираат со брзина на ветерот од 120 км/ч и висок атмосферски притисок.

„Метеоролошката фабрика“, како што се нарекува комплекс, може истовремено да тестира и до 10 автомобили. Проектот го чини „Ford“ речиси 70 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП