25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако Huawei P20 Pro изгледа одвнатре (видео)

Како Huawei P20 Pro изгледа одвнатре (видео)

Повеќето нови паметни телефони пристигнуваат како целосно компактни уреди, без можности, како кај старите модели, да се отстрани поклопецот со цел да се замени батеријата.

Врз основа на тоа би можело да се претпостави дека, условно кажано, уредите се еднократна употреба, и дека по неколку години користење едноставно можете да ги фрлите или да ги дадете на рециклирање.

Aктуелниот премиум телефон на „Huawei“ – моделот „P20 Pro“, кој неодамна авторот на „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“ го подложи на екстремен тест на издржливост, повторно се најде во рацете на истиот човек.

Тој овој пат одлучи, со помош на топлина, „Huawei P20 Pro“ да го растури на делови, со цел да ни покаже како телефонот изгледа одвнатре, односно да ни покаже кои компоненти се наоѓаат во куќиштето и како се е вградено.

Тоа што прво паѓа во очи е дека самиот телефон, кој не е наменет за самостојно отворање, споен е со помош на многу лепак, односно соодветно средство, кое освен што се држи на куп, оневозможува продор на вода во внатрешноста на уредот.

Иако оваа постапка може да послужи во случај да е потребно да се амени стаклениот панелна задната страна, прашање е дали се исплати ова да се прави самостојно.

Сепак, бидејќи ставнува збор за човек кој на ваков начин ги третира речиси сите мобилни уреди кои ќе се појават на пазарот, не е ни чудо што расклопениот и повторно составениот „Huawei P20 Pro“ работеше повторно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП