26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОлег Дерипаска поднесе оставка од одборот на директори на Русал

Олег Дерипаска поднесе оставка од одборот на директори на Русал

Одборот на директори на „En + Group“ официјално ја прифати оставката на најголемиот акционер во компанијата Олег Дерипаска од одборот на директори, соопшти главниот сопственик на компанијата, цитиран од агенциите. Одлуката влегува во сила веднаш.

Советот, исто така, ја потврди решеноста на Дерипаска да не се кандидира во одборот на директори на претстојниот состанок на акционерите.

Дерипаска се согласи со предлогот на претседателот на одборот на директори на „En + Group“, Лорд Баркер да поднесе оставка, откако неговата компанија Русал беше вклучена во листата со американските санкции.

Баркер го одобри назначувањето на нови независни претставници во одборот на директори. За заменик на Дерипаска во одборот на директори на „Русал“, Баркер го предложи независниот директор на „En + Group“, Филип Мејлфејт.

На седница на советот на директори на „En + Group“ беше одобрен план за излез на компанијата од листата со санкции и на нејзините структури, во кои влегуваат „Русал“ и „Евросибенерго“.

Во април Министерството за финансии на САД објави дека ќе повлече санкциите против „Русал“, ако Дерипаска се откаже од контролата над компанијата, која заедно со другата сопственост на бизнисменот се најде под американските санкции во почетокот на минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП