20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и Кина ја ставија трговската војна на чекање

САД и Кина ја ставија трговската војна на чекање

Американската трговска војна со Кина се стави “на чекање”, откако Пекинг и Вашингтон се согласија дека ќе ја отфрлат заканата од воведување на царини, и ќе се работи на еден поширок трговски споразум, изјави американскиот секретар за финансии Стивен Мначин.

Мначин и главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Лари Кадлу, рече дека договорот постигнат вчера меѓу кинеските и американските преговарачи воспостави рамка за решавање на можните трговски нерамнотежи.

“Ја ставаме трговската војна на чекање. Ние само што се согласивме да ги ставиме царините на чекање додека се обидуваме да спроведеме рамковен договор”, рече Мначин.

Америка и Кина се согласија вчера да преземат мерки за намалување на трговскиот дефицит на САД со стоки, така што Пекинг ќе купува повеќе американски производи, особено земјоделски и енергетски производи.

“Имаше консензус за преземање ефикасни мерки за значително намалување на трговскиот дефицит на Америка со Кина. За да се задоволи зголемената побарувачка, Кина значително ќе ги зголеми набавките на стоки и услуги од САД, а со тоа ќе биде поддржан растот и вработувањето во Соединетите Американски Држави”, се вели во заедничката американско-кинеско соопштение за печатот.

Во соопштението се вели дека Кина ќе ги измени законите и прописите за да овозможи дополнителен увоз од САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП