28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo награден за воздушното перниче за пешаци

Volvo награден за воздушното перниче за пешаци

Volvo-V40-pedestrian-airbag-01

Пионерската работа на компанијата „Volvo Cars Group“ за заштита на пешаците во сообраќајна незгода е наградена со престижната награда „2013 NCAP Global Innovation Award“.

На манифестацијата „Enhanced Safety of Vehicles Conference“ која се одржа во Сеул, наградата ја подигна професорката Лота Јакобсон која е технички советник за безбедност во „Volvo Cars Safety Centre“.

„Целта на првото вградено воздушно перниче за пешаците е да ги заштити загрозените корисници на патиштата и улиците во одредени ситуации. Доколку во случај на незгода тие се најдат на предната хауба или во областа околу шофершајбната, каде може да постои ризик од сериозни повреди на главата и други делови на телото, ќе се активира воздушното перниче“, изјавила Лота Јакобсон.

Моделот „Volvo V40“ беше лансиран во 2012-та година и е првиот автомобил во светот кој се најде на пазарот опремен со „Pedestrian Airbag Technology“. Седумте сензори вградени во предниот дел на автомобилот ги пренесуваат сигналите кон контролната единица.

Кога возилото ќе дојде во контакт со пешакот, контролната единица ги оценува сигналите и доколку тие се регистрираат како облик на човечка нога веднаш се активира воздушното перниче за пешаците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП