19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOбјавени сите спецификации од најмоќниот смартфон на HTC

Oбјавени сите спецификации од најмоќниот смартфон на HTC

Компанијата „HTC“ следната среда ќе го претстави својот нов најмоќен паметен телефон, со кој се обиде да ги привлече најсложените корисници.

Како и многу пати досега, изненадувањето и исчекувањето на потенцијалните купувачи го „скрши“ Еван Блас, кој на „Twitter“ ги објави спецификациите на моделот „HTC U12 Plus“.

Голем дел од тоаза овој телефон досега веќе беше познато, на пример ориентацијата на компанијата на само еден модел („Plus“ верзијатa), со голем 6-инчен екран со размер 18:9 и резолуција од 1880 x 1440 пиксели.

Бидејќи станува збор за топ-модел, јасно е дека под „хаубата“ ќе се наоѓа чипсетот „Qualcomm Snapdragon 845“, ќе има 6 GB RAM и ќе биде достапен во две верзии, со 64 и со 128 GB простор заскладирање на податоци, со отвор за мемориска картичка.

Интересно е дека „U12 Plus“ ќе има четири камери – oд 12 и 16 MP на задната страна, и две од 8 MP на предната страна, а од останатите опции би требало да се спомене и отпорноста на вода и прашина, активната поддршка за виртуелен асистент и оперативниот систем „Android Oreo“, кој ќе може да се надогради со следниот „Android P“.

Доколку спецификациите се покажат вистинит, речиси е сигурно дека новиот телефон на „HTC“ ќе биде во рангот со најмоќните телефони претставени оваа година, и дека за неговиот успех кучна работа би можела да биде цената.

Оваа информација Блас не ја откри, па затоа ќе почекаме до следната недела, кога ќе се случи официјалното претставување на телефонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП