23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААМD чипови и во уредите со Android и Chrome

АМD чипови и во уредите со Android и Chrome

slikaamd

Компанијата „AMD“ одлучи да ја раскине својата „ексклузивна врска“ со „Windows“ и да почне да работи на чипови кои се компатибилни со други оперативни системи.

„Ние имаме во план да започнеме со производство на чипови кои ќе работат на оперативните системи „Android“ и „Chrome OS“, изјави Лиса Су, потпретседател на компанијата „AMD“.

Таа на „Computex“ конференцијата во Тајланд истакнала дека во „AMD“ се многу посветени на „Windows 8“, но дека гледаат како „Android“ и „Chrome“ напредуваат се подобро.

Инаку Су пред шест месеци изјави дека тие не се заинтересирани за пазарот на „Android“ таблетите, а слична промена на ставовите можеше да се забележи и кај раководните лица на „HP“.

Се уште не е прецизирано кога ќе можеме на пазарот да ги видиме „Android“ уредите со чипови на „AMD“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП