25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКриптопазарот изгуби 45 милијарди долари за една недела

Криптопазарот изгуби 45 милијарди долари за една недела

Скокот кај криптовалутите поради „блокчејн“ неделата, заврши.

Во позадина на илјадниците обожаватели на криптовалутите кои се собраа во Менхетен на конференцијата „Консензус 2018“ и други настани поврзани со индустријата, прогнозите за биткоинот на Том Ли од „Fundstrat Global Advisors“ беа дека сето тоа ќе генерира скок во цените.

За жал, дури и трите спортски автомобили „Lamborghini“ (земени на изнајмување), забавата со 1.000 луѓе на јахта и концертот на 46-годишниот рапер Снуп Дог не можеа да го спречат падот на вкупната пазарна капитализација на следените од „Coinmarketcap.com“ криптовалути со 45 милијарди долари од 11-ти мај.

Цената на биткоинот се намали со 3.7% во оваа недела до 8.117.43 долари, иако Артур Хејс, чија компанија ги ангажираше возилата „Lamborghini“ кои беа паркирани пред местото каде што се одржуваше конференцијата, прогнозираше скок до 50.000 долари до крајот на годината.

Падот оваа недела е далеку од екстремен по стандардите на трговијата со криптовлаути, но однесувањето на пазарот и покрај еуфоријата околу „блокчејн“ неделата ги истакна еден од главните аргументи кои се користат од страна на оние кои се песимисти за криптовалутите – повеќето луѓе кои сакаат да купат криптовалути, веќе го направија тоа.

Многу професионалци од „Волстрит“ пак најавија дека пазарот на криптовалути е шпекулативен „балон“, а Ворен Бафет го спореди биткоинот со „отров за стаорци на квадрат“.

Загубите оваа недела можеби се должат на незадоволените очекувања околу „Консензус 2018“, вели Сани Лу, извршен директор на „VeChain Tech“ и еден од предавачите на настанот.

„Квалитетот на проектите и лекторите не беа толку добри, колку што се очекуваше“, вели Лу за „Bloomberg“. „Претпоставувам дека луѓето беа едноставно разочарани“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП