26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром ќе даде нешто повеќе од 3 милијарди долари во дивиденди

Газпром ќе даде нешто повеќе од 3 милијарди долари во дивиденди

Одборот на директори на „Газпром“ ги одобри извештаите за развој на компанијата во 2017-та година и финансиската состојба, како и распределбата на дивидендите на акционерите, станува јасно од соопштението на сајтот на компанијата.

Добиена е дивиденда од 8,04 рубли по акција, или вкупно 190,3 милијарди рубли (3,04 милијарди долари).

Од почетокот на годината до 15-ти мај „Газпром“ забележа раст на извозот и производството на природен гас, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на соопштението на руската компанија.

Кон земјите надвор од Заедницата на независни републики гигантот извезол вкупно 78 милијарди кубни метри за првите малку над пет месеци од годинава, покажуваат податоците.

Во исто време, екстракцијата на природен гас се зголеми за 9,8% до 197,8 милијарди кубни метри.

Во 2017-та година „Газпром“ забележа рекорден извоз на природен гас кон Европа – 193,6 милијарди кубни метри, што претставува раст од 8,1% во однос на 2016-та година. Приносот порасна за 12,4 отсто на 472 милијарди кубни метри природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП