26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Заб“ и две камери: Официјално претставена новата Nokia X6 (видео)

„Заб“ и две камери: Официјално претставена новата Nokia X6 (видео)

Компанијата „HMD Global“ официјално го претстави својот нов смартфон „Nokia X6“, првиот модел од ажурираната „X“-серија. Овој телефон од средниот сегмент во премиум куќиште е претставен во Кина.

„Nokia X6“ има 5.8-инчен „FHD+“ (1080 x 2280p) дисплеј, со 19:9 однос на страните и „Corning Gorilla Glass 3“ заштита.

Тоа е првиот „Nokia“ телефон со „заб“ на врвот на екранот, во кој е сместана 16MP f/2.0 предна камера и функција за отклучување на уредот со помош на лицето.

На задната страна се наоѓа систем од две камери, кој се состои од стандардна 16MP камера со f/2.0 отвор и 5MP монохромска камера со f/2.2 oтвор.

Сите камери имаат корисни „AI“ трикови, како што е позадинско заматување, препознавање на лицето, динамичка експресија и филтри. На задната страна се наоѓа и сензор за оптечаток на прстот.

Телефонот го користи чипсетот „Snapdragon 636“, заедно со 4GB RAM и 32GB/64GB простор за складирање на податоци, односно 6GB RAM и 64GB место за складирање на податоци. Хибридниот слот може да послужи за проширување на просторот за складирање и додавање на уште една „SIM“ картичка.

Батеријата на телефонот има капацитет од 3.060mAh и се полни преку „USB-C“ конектор cо „Quick Charge 3.0“ брзина. Toа би требало да обезбеди полнење до 50% зa 30 минути.

Оперативниот систем на телефонот е „Android 8.1 Oreo“, со ветување за надоградба на „Android P“.

Смартфонот ќе биде достапен во сина, црна и сребрена боја. „Nokia X6“ ќе започне да се продава во Кина од 21-ви мај, додека се очекува потврдата за достапност надвор од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП